Вучиќ испрати писма до европските лидери по повод евентуалниот прием на Косово во Советот на Европа

April 12, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска испрати писма до сите европски лидери по повод евентуалното членство на Косово во Совет на Европа, изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали во интервју за српската телевизија „Хепи“.

– Србија сè ќе направи за да не дојде до членство… Првиот предизвик за нас е Советот на Европа и битката што ни претстои, посочи Мали.

Тој додаде дека врз Србија се врши притисок „поголем од кога било“.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се очекува на 16 април да гласа за прием на Косово, чија независност не ја признава Србија. Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Комитетот на министри на 16 мај.

На 5 април, на барање на српскиот претседател, беше формирана Работна група за координација на активностите на државните власти која ќе работи на планот „да се спречи приемот на Косово во Советот на Европа“.

Во мај 2022 година, Косово поднесе барање за членство во Советот на Европа, а на 27 март годинава Комитетот за политички прашања на ПССЕ го одобри извештајот на известувачот за Косово, Дора Бакојани, во кој се наведува дека Косово ги исполнило условите да стане полноправна членка на Советот на Европа.

Србија е членка на Советот на Европа од 2003 година. Белград не ја признава прогласената независност на нејзиниот поранешен регион во 2008 година. Белград и Приштина водат дијалог за нормализирање на односите со посредство на ЕУ. Меѓу земјите кои не ја признаваат независноста на Косово се Кина, Индија и пет земји од ЕУ – Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со вработување на родителите децата ќе се тргнат од питачење

Следно

МНР со апел: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop