Вучиќ и Курти на 27 февруари повторно ќе седнат на заедничка маса во Брисел

February 17, 2023
1 min read

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово ќе се сретнат во Брисел на 27 февруари, соопшти денеска Европската Унија.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на која ќе стане збор за предлогот на Унијата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти на средбата што се одржа на 21 ноември, минатата година/Фото: Архива

Вучиќ и Курти, како што се наведува во соопштението, го потврдиле своето учество на средбата.

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба.

„Во понеделник, 27 февруари, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел ќе свика состанок на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина во Брисел. Своето учество го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Високиот претставник, поддржан од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка средба. На средбата ќе стане збор за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“,

се наведува во соопштението на ЕУ.

Ова ќе биде прва средба на лидерите на Косово и Србија годинава по тензиите кои доминираат во односите од летото минатата година, а се одразија и на настаните на терен.

Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа на 21 ноември минатата година. Средбата беше неуспешна, а Борел одговорноста за пропаѓањето на преговорите ја префрли на премиерот на Косово.

Белград и Приштина водат дијалог за нормализација на односите од 2011 година со посредство на Европската Унија, но и двете страни имаат поинаков став во врска со конечниот договор. Додека Приштина инсистира на меѓусебно признавање, Белград бара компромисно решение.

За Белград формирањето на Заедницата на српски општини е клучна точка за продолжување на дијалогот.

Косово и Србија го прифатија предлогот на Европската Унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план за нормализација на односите.

Планот, според она што е познато во јавноста, предвидува почитување на територијалниот интегритет, еднакви права, признавање на државните симболи и посебен третман на српската заедница на Косово.

Во документот не се споменува експлицитно меѓусебното признавање на Косово и Србија, како и членството на Косово во Обединетите нации, но од Србија се бара да не се меша во членството на Косово во меѓународните организации.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поставени нови патоказни сообраќајни табли на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

Следно

ТРАГЕДИЈА: Седумчлено семејство се спаси од земјотресот, настрада во пожар во Турција

Latest from Blog

Посебен сообраќаен режим во Скопје – автобусите по неделен возен ред

Поради најавените протести, сите кои останале во главниот град ќе се соочат со посебен сообраќаен режим. Блокирани за сообраќај денеска ќе бидат улиците од пред Сојузот на Синдикати на Македонија , преку

Договорена е отштета од 4 милијарди долари во случајот на „сексуална злоупотреба на речиси 7.000 деца“ во САД

ЊУЈОРК (AA) — Округот Лос Анџелес во американската држава Калифорнија се согласи да плати 4 милијарди долари отштета во тужбата поднесена по обвинувањата дека речиси 7.000 деца биле сексуално злоупотребени во центри

Касами: За претставувањето на Албанците во Владата одлучува ВЛЕН

Гостувајќи во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, зборуваше и за претставувањето на Албанците во Владата, истакнувајќи дека токму Вреди е тој што ги претставува. „Говориме за двa

Аеродромот „Истанбул“ е најпрометниот аеродром во Европа со 1.482 летови дневно

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (ЕВРОКОНТРОЛ) објави „Извештај за европското воздухопловство“ за периодот 21-27 април, известува Анадолу. Во извештајот се наведува дека аеродромот „Истанбул“ е рангиран на

Интер го постигна најбрзиот гол во полуфиналето во Лигата на шампиони

Фудбалерите на Интер вечерва на гостувањето во Барселона испишаа историја во Лигата на шампиони, постигнувајќи го најбрзиот гол во полуфиналната серија. Интер дојде во водство на дуелот против Барселона со голот на
Go toTop