Вучиќ: Формирање на владата на Србија за 10 до 15 денови

April 15, 2024
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Владата на Србија треба да се избере во следните 10 до 15 дена. Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека би сакал Велигденските празници да се прославуваат со новата влада, пренесе Бета.

Тој додаде дека во неа ќе има и нови министри, како и дел од оние кои веќе биле, додавајќи дека е задоволен од работата на претходната влада.

Вучиќ, зборувајќи за набавката на авионите Рафал, рече дека тие се исклучително скапи, дека малку земји можат да си ги дозволат.

Тој исто така додаде дека медиумите во регионот пишуваат негативно за таа набавка и дека се наведува дека Србија ја нарушува стабилноста во регионот со набавка на авионите, а таков текст не бил објавен кога „Хрватите ги набавиле“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните специјализанти во генерален штрајк

Следно

Руска фрегата влезе во Средоземното Море преку Суецкиот Канал

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop