Вучиќ до Македонците кои дојдоа на собирот во Белград: Ви благодарам, Србија секогаш ќе биде ваша мајка

May 26, 2023
1 min read

Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави. Ова вечерва го изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ посочи дека ни треба единство, заедништво и обединување повеќе од кога било. Тој нагласи дека ова е последната вечер на која ќе зборува како претседател на Српската напредна странка и рече дека е за дијалог и разговор, но дека нема да има преодна влада.

„Не постои нешто друго полошо од омраза. Овој голем собир денеска не е против никој. Ниту едно име не споменавме, ние се собравме од љубов, поради љубовта кој Србија кон нашата татковина, бидејќи друга татковина немаме. Една единствена. И да се заблагодарам на сите вас кои дојдовте од Република Српска, Црна Гора, Македонија, Хрватска и сите краеви од поранешните ЈУ простори. Да ви се заблагодарам што толку ја сакате Србија, бидејќи иако живееме во одделни држави, Србија е секогаш ваша мајка и тоа така ќе биде, а наша работа е да никогаш не заборавиме дека сме еден народ и дека тоа никој нема да може да го промени. Ви благодарам луѓе на големата поддршка. Ви благодарам за љубовта. И јас ве сакам, да се борите и да се бориме заедно, бидејќи пред нас е најтешкиот период за борба“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во својот говор вечерва во Белград.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: Нема причина за предвремени избори наесен, туку за одлука – одиме кон ЕУ или остануваме во чекалната

Следно

Вучиќ закажа седница на Советот за национална безбедност по тензиите во Косово

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop