Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

October 12, 2025
1 min read

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац.

„Би сакал прославата во српските заедници во Косово и Метохија вечерва да биде малку поважна од таа прослава. Исто како што тие се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“, рече Вучиќ.

Во Косово денеска се одржуваат редовни локални избори. Тоа се првите редовни локални избори по вонредните од 2023 година, што се одржаа на север во Косово, а кои беа бојкотирани од Србите, откако претходно ги напуштија косовските институции во 2022 година.

Избори за градоначалници и советници се одржуваат во 38 општини, а право на глас имаат 2.069.098 гласачи.

За градоначалник се кандидираат 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираат 5.420 кандидати.

На овие избори, на гласачкото ливче се вкупно 93 политички субјекти – 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.

Според податоците од Централната изборна комисија, право на глас имаат 2.069.098 гласачи.

Граѓаните можат да гласаат до вечерва во 19:00 часот во 938 избирачки центри, на вкупно 2.625 избирачки места.

На изборите учествуваат 12 српски партии и иницијативи, меѓу кои е и Српска листа како најголема српска партија во Косово. Српска листа има кандидати за градоначалници во 11 општини и кандидати за советници во 19 општини.

На север во Косово, вкупно 21 српски кандидат се натпреваруваат за функцијата градоначалник – седум во Северна Митровица, пет во Лепосавиќ, шест во Зубин Поток и три во Звечан.

Српските кандидати доаѓаат од Српската листа, Граѓанската иницијатива Север за сите, За слобода, правда и опстанок, Правда и еднаквост, Српска демократија, Ново лице – Народна правда, Српско народно движење, Обединување, ГИ Корени, Српска народна слога и Косовски сојуз, како и независни кандидати. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светското првенство нема да смени ништо: Бразил подготвува нов договор за Анчелоти

Следно

Колегите со поддршка за проф. д-р Кузмановски: Секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop