Вучевиќ: Ќе ги признаеме изборните резултати без одолговлекување или оспорување

June 2, 2024
1 min read

Српскиот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС) изјави дека без разлика какви ќе бидат изборните резултати од локалните избори во 89 општини и градови, тој ќе ги признае без одолговлекување или оспорување на истите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Изборите се фестивал на демократијата, волјата на граѓаните ќе биде единствена закономерност и секако дека јас сум умерен оптимист дека листа на СНС што ја поддржувам-„Александар Вучиќ за Нови Сад“ ќе победи во Нови Сад и во сите останати локални самоуправи каде се одржува денес гласањето. Каков и да биде исходот на гласањето, ќе ги признаеме изборите без одолговлекување или оспорување, изјави премиерот Милош Вучевиќ и претседател на СНС по гласањето во Нови Сад.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој настапува а изборите во Белград и повеќето градови и локални самоуправи во коалиција со СНС и со една изборна листа изјави дека оваа коалиција ќе однесе победа на сите изборни места.

– Очекувам убедлива победа, не само во Белград, туку и во сите општини и градови во Србија каде се распишани избори. Секако дека не мислиме дека изборната борба е лесна, но сигурни смее дека квалитетот на кандидатите и квалитетот на политиката што ја застапуваме е неспоредлива во однос на другите изборни листи, изјави Дачиќ по гласањето во Белград.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пролетен намаз: Јагоди и лешници во совршен спој

Следно

„Секој што ќе се осмели да го одвои Тајван од Кина ќе биде скршен на парчиња“, изјави кинескиот министер за одбрана

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop