Вториот конвој со помош влегува во Газа преку египетскиот премин Рафах

October 22, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Вториот конвој шлепери кои носат хуманитарна помош почна да влегува во Појасот Газа од египетска страна, преку граничниот премин Рафах, објавија египетските медиуми, пренесува Анадолу.

Cairo News Channel објави дека копнениот премин Рафах е отворен втор ден по ред за достава на нова хуманитарна помош во Појасот Газа.

Вчера конвој од 20 шлепери со хуманитарна помош влезе во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах. Тоа беше прва испорака на помош за Газа од избувнувањето на судирот меѓу Израел и палестинската група Хамас на 7. октомври.

Газа доживува тешка хуманитарна криза. Овој регион е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Борбите започнаа на 7. октомври, кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска како одговор ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа. Оваа операција доби димензии на неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, бројката на загинати во Газа во текот на израелските бомбардирања се зголеми на 4.651, од кои 1.873 се деца, а 1.023 се жени. Повредени се 14.245 лица.

Во нападите на Хамас врз Израел загинаа повеќе од 1.400 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три од пет претстави се за возраст +16 – Тетово домаќин на Меѓународен театарски фестивал

Следно

Каде отидоа парите од ЕУ?! – Владата без конкретен одговор, од СЕП молк!

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop