Втора глобална женска лидерска конференција “Јас сум жена”: Слободна ли е жената денес?

September 2, 2023
1 min read

Го има ли жената местото на пиедесталот кое го заслужува? Слободна ли е жената денес, или заплеткана во канџите на некој кој си замислил дека е надреден над неа?! Вечната борба но и достигнувања на македонската жена во земјава и светот се темите на годинашната, втора, глобална, женска, лидерска конференција во Охрид, “Јас сум жена”.

– Целта на “Јас сум жена” е да се допре до жени во сите сфери на општеството, низ нивните примерида ја осознае положбата жената, со кои предизвици проблеми се соочува на секојдневна основа и да изнајде идејни решенија за надминување на истите, изјави Ана Дукоска, претседателка на “Јас сум жена”.

Меѓу панелистиките учеснички на конференцијата, се слушнаа животните предизвици и успеси на 12 Македонки од земјава и светот, преку четири одделни панел-дискусии. Јасмина Атанасова Симјаноска, прв дипломиран оџачар во Македонија, Дарија Андовска наш светски познат композитор, Симона Живковска, актерка која работи и во Англија, Стефанија Гаштарска, македонска балерина во Русија, Билјана Јуруковски, фотографка која рабити во Африка и Австралија, се само дел од панелистките чии импресивни биографии претставени на конференцијата се гордост за македонската држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗОШТО НЕМА ВЕЌЕ СЕКС ВО ФИЛМОВИТЕ, ПРАША ВО ВЕНЕЦИЈА ГРЧКИОТ ОСКАРОВЕЦ ЈОРГОС ЛАНТИМОС

Следно

Вардар ја среди Македонија ЃП!

Latest from Blog

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на
Go toTop