Вардар ја среди Македонија ЃП!

September 2, 2023
1 min read

Фудбалерите на Вардар ја запишаа првата победа по кам-бекот во ПМФЛ, откако ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 2-1 (2-0). Пресметката во одлична атмосфера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во целост му припадна на тимот кој имаше улога на домаќин. Вардарци дојдоа до двојна предност во првиот дел, за потоа рутински да ја одбранат.

Уште од првата минута „црвено-црните“ покажаа поголема решителност и на стартот имаа полушанса која голманот Стевковски ја скроти. Добрата игра го доведе најтрофејниот македонски колектив до нова шанса и удар откосо на Педрињо кој доведе до корнер. Токму од тој удар од аголот, вардарци добија пенал.

За волја на вистината поради пиротехничкото шоу на „Комити“, камерите не го уловија најдобро моментот пред досудената најстрога казна, но немаше многу протести од гостинските играчи. Сигурен од 11 метри за вардарова предност беше капитенот Дарко Мицевски, кој во 25. минута погоди за 1-0. Одличната партија на лидерот на овој тим на Вардар резултира и со одлична акција за втор гол. Мицевски проби низ левата страна на шеснаесетникот, а откако дојде практично до мртов агол, ја одложи топката до Азер Омерагиќ кој го матира Стевковски за 2-0.

По постигнатите погодоци, момците на Александар Васоски заиграа многу полесно и релаксирано. Со сигурна игра на средината од теренот го држеа ривалот далеку од својот гол, не дозволувајќи вистински закани кон Филип Гачевски. „Лавовите“ пак, иако се наметнаа и имаа иницијатива, а тоа резултира со почесен погодок во 93. минута од пресметката. Корнер од левата страна изведе Ѓорѓи Стоилов, па со глава стрела младиот резервист Никола Величковски (2-1).

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Втора глобална женска лидерска конференција “Јас сум жена”: Слободна ли е жената денес?

Следно

СО 300.000 ЕВРА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА КИНОТО ВО ВАЛАНДОВО, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И
Go toTop