Втор круг парламентарни избори во Грција

June 25, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Избирачките места во Грција се отворија денес во 7 часот по локално време за вториот круг парламентарни избори, а гласачите ќе изберат кој ќе ја води земјата во следните четири години, јавува Анадолу.

Поранешниот премиер Киријакос Мицотакис, најверојатниот победник според последните анкети и според резултатите од претходните избори, не го доби целосното мнозинство потребно за формирање Влада на изборите во мај.

Последните анкети покажуваат дека партијата Нова демократија води со 21,5 процентни поени пред нејзиниот главен опозициски ривал, левичарската СИРИЗА.

Овој пат, со новиот изборен систем, победничката партија ќе добие бонус од 20 пратенички места ако добие најмалку 25 отсто од гласовите, а може да добие и до 50 места ако добие околу 40 отсто од гласовите.

Вкупно 9.813.595 грчки државјани се регистрирани за гласање во 21.634 гласачки места низ Грција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера над 25.600 Грци кои живеат во странство гласаа во вториот круг избори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белград и Приштина со меѓусебни обвинувања за возилото со арсенал оружје на северот на Косово

Следно

Никогаш и во ниту една земја не би поддржале пуч, вели Вучиќ за настаните во Русија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop