Втор ден од Самитот на НАТО во Вилнус

July 12, 2023
1 min read

ВИЛНУС (АА) – Лидерите на земјите членки на НАТО се состанаа на вториот ден од Самитот што се одржува во Вилнус, главниот град на Литванија, јавува Анадолу.

Лидерите на земјите се собраа на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

Покрај 31 лидер на земјите членки, на состанокот присуствуваше и Шведска како земја повикана во членството на НАТО. На состанокот учествуваа и партнерите на НАТО, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Европската Унија (ЕУ).

Зборувајќи на отворањето на собирот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека НАТО е регионален сојуз во Европа и Антлантикот, но дека предизвиците со кои се соочува се глобални.

Столтенберг наведе дека настаните во евроатлантскиот и индопацифичкиот регион се важни едни за други, дека војната во Украина има глобални реперкусии, дека тероризмот и киберзаканите не познаваат граници, а авторитарните режими се сѐ поблиски.

„Мора заедно да се залагаме за глобален напредок што се темели врз правила. Затоа е важно партнерите на НАТО да учествуваат на денешниот Самит“, рече Столтенберг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Членките на Г7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

Следно

Членките на Г-7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop