Членките на Г-7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

July 12, 2023
1 min read

Сојузниците на Киев ги засилуваат своите формални аранжмани за заштита на Украина на долг рок. Не смееме да дозволиме да се повтори она што се случи во Украина, вели британскиот премиер

ФОТО: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Членките на Г-7 денеска на Самитот на НАТО во Вилнус, треба да ратификуваат долготраен пакет на безбедносна помош за Украина. Тоа ќе вклучува воена опрема, обука и размена на разузнавачки информации, пренесува Би-би-си. Ова доаѓа еден ден откако украинскиот претседател ја критикуваше неподготвеноста на НАТО да му понуди на Киев временска рамка за приклучување во алијансата.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека договорот ќе испрати силен сигнал до рускиот претседател Владимир Путин.

„Сојузниците на Киев ги засилуваат своите формални аранжмани за заштита на Украина на долг рок. Не смееме да дозволиме да се повтори она што се случи во Украина. Поддршката на Киев на патот кон членството во НАТО, како и на формалните, мултилатералните и билатералните аранжмани од страна на членките на НАТО ќе испрати јасна порака до рускиот претседател и ќе го врати мирот во Европа“,

додава Сунак.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно предложи модел за Украина сличен на договорот на неговата земја со Израел. Според тој договор, Вашингтон се обврза да обезбедува воена помош од 3,8 милијарди долари годишно во текот на една деценија. Но, за разлика од членството во НАТО – ова не вклучува клаузула за директна помош за време на напад.

Соопштението на Г-7 доаѓа откако НАТО рече дека не е време Украина да се приклучи на воената алијанса, одложување кое Зеленски го нарече апсурдно.

Киев прифаќа дека не може да се приклучи на НАТО додека е во војна со Русија, но сака да се приклучи што е можно поскоро по завршувањето на борбите.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Втор ден од Самитот на НАТО во Вилнус

Следно

Ковачевски од Вилнус: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

Latest from Blog

Шок на пресот на ДР Конго: Селекторот дозна дека починал татко му

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, доживеа вистински шок на прес-конференцијата по поразот од Англија на Светското првенство. Имено, портпаролот на федерацијата му соопштил дека неговиот татко починал. Селекцијата на

ЕБОЛАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА – Бесна толпа запали центар за лекување, пациентите избегаа

Гневни демонстранти запалија центар за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што усмртија еден полицаец и повредија две лица, соопштија официјални лица. Неколку пациенти заразени со ебола,

ВЛЕН: Инвестиција од еден милион евра во безбедноста на воздушниот сообраќај

Воздушниот сообраќај во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедноста, нови технологии и проширување на мрежата на авиолинии, соопштија од ВЛЕН. Според партијата, заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи присуствувала

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски
Go toTop