Врховниот суд на Франција ја суспендира одлуката на Владата за распуштање на еколошката активистичка група

August 12, 2023
1 min read

Врховниот суд на Франција во петокот ја суспендираше владината одлука за распуштање на еколошката активистичка група, пишува весникот „Фигаро“.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, одлучи да ја распушти „Soulevements de la Terre“ SLT (Востанија на Земјата), во јуни, по насилните судири со полицијата за време на протестот во март.

Државниот совет во соопштението рече дека распуштањето на SLT „ја поткопува слободата на здружување“.

Судот ја доведе во прашање законитоста на одлуката и објасни дека ниту од документите во досието, ниту од дискусиите на рочиштето се смета дека групата имала за цел на кој било начин да изврши акти на насилство врз луѓето.

Како резултат на тоа, Државниот совет одлучи привремено да ја суспендира владината одлука и рече дека конечната пресуда треба да биде донесена „брзо, веројатно наесен“.

Владата ја обвини групата за организирање саботажа и предизвикување материјална штета, вклучително и преку насилство, под превезот на поддршка за зачувување на животната средина.

Жестоки судири избувнаа во март на недозволените протести против изградбата на земјоделски мега акумулации за вода во западниот град Сен-Солин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седми ден се трага по исчезнат маж од село Теново, Општина Брвеница

Следно

Поетската манифестација „Поетско Маркукуле“ во Прилеп по 16. пат

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop