Врховен суд ја прифати жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во куќен притвор

April 25, 2024
1 min read

Врховен суд ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и ја преиначи одлуката на Апелација. Наместо притвор во истражниот затвор Шутка, Ѓорчевски доби куќен притвор и мерка за претпазливост. 

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венеција почна да им наплаќа влез на туристи

Следно

Британија „намерно ги дестабилизира“ човековите права низ светот

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop