Вреди: ДУИ има синдром на напуштена љубовница!

April 3, 2025
1 min read

Од коалицијата Вреди велат дека ДУИ има синдром на напуштена љубовница.

„Како пулени на СДСМ, ова изгубено раководство на ДУИ очигледно не може да преболи што и Венко Филипче ги пушта низ вода.

Откако секојдневно се координираа како политички да профитираат од колективната трагедија во Кочани, сега Бујар Османи, како лице задолжено за контакт со СДСМ, емоционално изневерен што плановите им се разоткриени, повторно ја заврти истата бајата грамофонска плоча.

Наместо да ја прозиваат коалицијата ВЛЕН, ние уште еднаш ги повикуваме да престанат да шират лаги и манипулации со цел да ги оправдаат плановите за бојкот на локалните избори како обид да предизвикаат политичка криза.

Конечно, треба да разберат дека токму заради нивното криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници на ланските парламентарни избори.

Не постојат ниту јавни, ниту тајни планови за отстранување на Албанците од било каде. Постои само патолошки страв на ДУИ од правосудна одговорност за нивните поранешни функционери кои со децении се богатеа на грбот на Албанскиот народ, кого јавно го лажеа со големо Албански приказни, а тајно ги полнеа џебовите со криминални дилови со Груевски и Мијалков.

Овие анти-Албански политики на ДУИ ќе бидат жестоко казнети, бидејќи нашиот народ нема да дозволи некој да ги држи во заложништво само затоа што разгалените фотељаши не се научени да седат во опозиција“, велат од Вреди.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Извршителите си дојдоа по своето, „Соравиа“ се продава

Следно

Островот Занзибар привлекува посетители со уникатните тури „сино сафари“

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop