Извршителите си дојдоа по своето, „Соравиа“ се продава

April 3, 2025
1 min read

Деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен на извршителска продажба закажана за 24 април годинава поради неисполнети финансиски обврски. Почетната вредност на објектот е 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра.

„Соравиа“ беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“ и влегувањето на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект.

Дрин Ахмети, кој е основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, во март годинава преку соопштение информираше дека ќе се повлече од раководната функција. Според соопштението од „Тор индустрис“, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Продажбата на деловниот објект од 1307 метри квадратни е по барање на долг од 930 илјади евра, чиј доверител е „Прва инвестициска банка“ од Софија, Бугарија, согласно Договор за залог од септември 2022 година. Јавната усна лицитација, како што е објавено на веб странат на Комората на извршители, ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски.

Почетната цена за објектот е 1.377.978.526 денари односно околу 22.406.000 евра, а на јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста, односно износ од 137.797.853 денари или околу 2,2 милиони евра.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западниот Балкан

Следно

Вреди: ДУИ има синдром на напуштена љубовница!

Latest from Blog

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop