ВРЕДИ: Албанците нема да станат жртви на нечии деструктивни сценарија

August 29, 2024
1 min read

„Коалицијата ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија. И покрај организираните напади и шпекулациите од страна на Недемократската Унија за Дезинтеграција, ние продолжуваме да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво. Посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во Албанија, каде што оствари средби со државниот врв на Албанија, ги потврди нашите силни и братски врски.

Исто така, посетата на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, во Австрија, со цел напредокот на интеграцијата на земјата во Европската Унија, ја потврдува нашата решителност за динамизирање на евроинтегративната агенда. Во исто време, ДУИ, која е затрупана со корупциски скандали, продолжува да игра опасна игра со единствена цел да ги користи Албанците како штит за да избегне правдата. Но, правдата ќе ги стигне!

Додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. После бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во Влада без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети, ДУИ без програмски и кадровски реформи е замрзнат на неодредено време. Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по Руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано.

Се друго се обични бајки наменети за збивање на редовите на ДУИ и таканаречениот Европски фронт. Време е сите да разберат дека ВЛЕН нема да дозволи темната игра на манипулации и шеми за тензии да ги направи Албанците жртви на една политичка корумпирана клика која 22 години се богатеше на нивниот грб. Ние ќе продолжиме да се бориме за интересите на нашиот народ и со посветена работа да го обезбедиме сигурниот напредок на нашата земја“, се вели ви соопштението на Коалиција ВЛЕН.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филмскиот фестивал во Венеција 2024 ветува значајна и незаборавна година за филмската уметност

Следно

Дваесет израелски војници одбија да се вратат во војната во Појасот Газа

Latest from Blog

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Првиот локално развиен и целосно независен AI модел за HR процеси носи нов стандард во регрутацијата Пронаоѓањето на вистинскиот кандидат никогаш не било поважно  ниту покомплексно. Компаниите секојдневно добиваат десетици, па и

Мерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата

Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов. Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само

Истрагата во Монако добива пресврт: ОСОМНИЧЕНАТА БЕРЕЗОВСКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА

Телото на жената осомничена за убиството на украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако е пронајдено во близина на Киев, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на извори во органите на родот. „На 6
Go toTop