Дваесет израелски војници одбија да се вратат во војната во Појасот Газа

August 29, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Дваесет израелски војници одбиле да се вратат во војната во Појасот Газа, при што некои од нив биле предупредени дека ќе бидат пратени на воен суд доколку не го сторат тоа, известува Анадолу.

Израелската државна телевизија КАН објави дека оваа недела околу 20 војници од израелската пешадиска бригада побарале да не се вратат во судирите во Газа.

Во веста во која се вели дека приближно 10 војници на 27 август добиле известување дека ќе им се суди за одбивање воена наредба доколку не се согласат да се вратат во Појасот Газа, некои од војници рекле дека нема да се вратат во Газа, каде што судирите траат веќе 10 месеци, но подготвени се да извршуваат други задачи.

Телевизијата КАН објави дека слични нешта се случуваат и во другите баталјони што се борат во Појасот Газа, а семејствата на дел од војниците рекле дека нивните синови се принудени да учествуваат во копнената операција во Газа или ќе одат в затвор.

На оваа тема неименуван армиски портпарол за телевизијата КАН рекол дека командантите што се на должност во армијата вложиле максимални напори да ги поддржат и да им помогнат на војниците да продолжат да извршуваат различни оперативни задачи.

Портпаролот истакнал дека нема да бидат изречени кривични санкции, вклучително и затворски казни за војниците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Албанците нема да станат жртви на нечии деструктивни сценарија

Следно

Ѓоковиќ се пласира во третото коло на УС Опен

Latest from Blog

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop