Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите, вели Мицкоски

November 12, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се почитуваат законите, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој закон во делот на веб страниците и соопштенијата од министерствата, смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести била 10 пати помала од сега.

– Мислам дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности било 10 пати помала од денеска и можеби било полесно да се работи и да се испорачува нешто кое што е во согласност со Законот за употреба на јазиците. Законот мора да се почитува, но треба да се зголемат капацитетите и во фаза сме на вработување на луѓе кои 10 пати поголемата активност на министерствата апсолутно ќе ја испорачуваат до медиумите, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на два договори за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

Вели дека нема интерес за вработување во државните институции поради висината на платата и дека тоа е сериозен проблем.

– За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на училишната мрежа, 10 општини со готови планови

Следно

Почна исплатата на Мој ДДВ

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop