Возачот на ‘Cybertruck’ имал прострелна рана во главата пред експлозијата во Лас Вегас

January 2, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Според американските власти, возачот на ‘Tesla Cybertruck’ се здобил со прострелна рана во главата пред возилото да експлодира пред хотелот ‘Trump International’ во Лас Вегас, известува Анадолу.

Во Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада почина лицето во возилото, а седуммина се повредени откако ‘Tesla Cybertruck’ експлодираше пред хотел во сопственост на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, изјави дека Метју Ливелсбергер се здобил со прострелна рана од огнено оружје пред возилото да експлодира.

„Не сме запознаени со други субјекти вклучени во овој конкретен случај“, додаде шерифот.

Зборувајќи за потенцијалната врска меѓу осомничениот од Лас Вегас и Шамсуд-Дин Џабар, кој возеше со камионет влета во толпа од луѓе во Њу Орлеанс, шерифот Мекмахил рече дека и двајцата служеле во воената база Форт Браг во Северна Каролина.

Шерифот додаде дека се работи за голема воена база и дека нема информации дека служеле во иста единица или дури во исто време и дека тоа сѐ уште се истражува.

Мекмахил истакна дека и двајцата осомничени биле распоредени во Авганистан во 2009 година, но нема докази дека биле во иста провинција, на иста локација или во иста единица.

„Двајцата ја користеле компанијата Туро за изнајмување возила“, додаде шерифот.

ФБИ претходно соопшти дека нема дефинитивна врска помеѓу смртоносниот напад во Њу Орлеанс и експлозијата во Лас Вегас.

Мекмахил изјавил дека Ливелсбергер служел како оперативен наредник на Зелените беретки кој поголемиот дел од своето време го минувал во Форт Карсон, Колорадо и во Германија.

„Тој претходно бил во Националната гарда и во резервниот состав на армијата“, истакна шерифот.

Во Њу Орлеанс, возач влетал со пикап во толпата на улицата ‘Бурбон’ за време на новогодишната ноќ, убивајќи најмалку 15 луѓе и повредувајќи повеќе од 30. ФБИ соопшти дека осомничениот е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар (42) од американската сојузна држава Тексас.

Шерифот истакна дека претстојат многу истражни активности.

Специјалниот агент на ФБИ Спенсер Еванс рече дека официјалните лица сѐ уште го истражуваат мотивот за експлозијата во Лас Вегас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР со предупредување: Врнежи од дожд и снег, викендов ќе бидат пообилни

Следно

Таткото го застрелал синот по физичка пресметка на новогодишната ноќ

Latest from Blog

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската

1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва: Нов јавен повик од Општина Битола

Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола

Важно известување за корисниците на Бајненс платформата во Македонија: Наводната група на Вајбер не е официјален канал на Бајненс

Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој

Британската министерка за надворешни работи ќе биде домаќин на разговори за повторно отворање на Ормуската Теснина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој требаше да одржи телевизиско обраќање вчеравечер, во меѓувреме даде контрадикторни изјави за тоа дали е подготвен да ја запре војната со Иран или да ја ескалира.

„Безбеден град“: За 68.2% намалени прекршоците за минување на црвено светло споредбено со февруари

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. -Од вкупниот број на регистрирани
Go toTop