Воведена тримесечна вонредна состојба во 10 турски провинции погодени од земјотресот

February 7, 2023
1 min read

Во 10 провинции погодени од катастрофалните земјотреси прогласена е вонредна состојба, а до 12 февруари ќе трае и седумдневната националната жалост

Спасувачките екипи извлекуваат жртви и повредени од урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, прогласи вонредна состојба за следните три месеци во 10 провинции погодени од катастрофалните земјотреси.

„Одлучивме да прогласиме вонредна состојба за да се осигуриме дека нашата спасувачка операција може да се изврши брзо“,

рече Ердоган во телевизиско обраќање. 

Тој додаде дека Турција планира да отвори хотели во туристичкиот центар Анталија за привремено сместување на луѓето погодени од земјотресите.

Ердоган рече дека 70 земји понудиле помош во операциите за пребарување и спасување.  

Турција прогласи и седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку југоисточни провинции и во кои загинаа најмалку 5 000 луѓе.

„Поради земјотресите што се случија прогласена е национална жалост во траење од седум дена и ќе трае до недела 12 февруари“,

напиша Ердоган на Твитер.

Во катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди југоисточна Турција, се урнаа неколку илјади згради, а потрагата на преживеаните под рушевините е отежната и поради минусните температури и близу 200 последователни потреси. Според последниот црн биланс, во земјотресот загинати се над 5 000 луѓе.

Според информациите што ги објави Си-ен-ен, во Турција се загинати вкупно 3 419 лица, а во Сирија бројот на загинати се искачи на 1 602. Како последица на земјотресот, во двете земји се повредени над 23 000 лица.

Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот е најсилниот земјотрес во ова подрачје во повеќе од 80 години, односно од 1939 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата

Следно

Скопјани, на два пункта, масовно донираат за настраданите во земјотресот

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop