Вонредна состојба прогласена на Санторини

February 6, 2025
1 min read

Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.

Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.

Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Болницата 8ми септември ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Велес и Куманово

Следно

Министерството за одбрана и ГШ: Во одбраната и Армијата нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја заменивме со почитување на законските процедури

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop