Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

June 16, 2024
1 min read

На вонреден конгрес на Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска е избрано ново раководство откако по изборите оставка поднесе досегашната претседателка на партијата Маја Морачанин.

На вонредниот конгрес свикан, како што наведува ДОМ, „по поднесената оставка на Морачанин и по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори“,  избрано е ново претседателство составено од четири копретседатели, кои ќе ја водат партијата како в.д. раководство до локалните избори наредната година.

-Новите копретседатели се Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски. Тие ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер, соопшти ДОМ.

Во допис до медиумите партијата посочува и дека останува посветена на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики –  заштита на животната средина, праведна енергетска транзиција, борба против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холивудските ѕвезди собраа 28 милиони долари за кампањата на Бајден

Следно

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Албанија

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop