Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе

January 17, 2025
1 min read

Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје.

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов за МИА рече дека не може да даде изјава бидејќи има смртен случај. Неговата портпаролка не сакаше да даде детали, туку кусо одговори дека „штом заврши надзорот, ќе извести“.

Извори од Инспекторатот за МИА изјавија дека од денеска ќе се врши вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето на три места – почнувајќи од матичниот лекар, Клиничка болница – Штип, па на Клиниката за детски болести во Скопје.

Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете.

Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“.

– Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба, со медицинска придружба во 19 часот, истиот ден, детето е транспортирано до УК ДБ – Скопје, се додава во соопштението.

Од Детската клиника во Скопје потврдија за МИА дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.

Според првичните извори од Инспекторатот, на Клиниката, детето е примено во екстремно тешка состојба и веднаш згрижено од тим специјалисти и доктори на интензивна нега. Направени биле анализи и утврдено било пореметување на електролитни вредности, тешка ацидоза и дехидрација, како и респираторно и срцево попуштање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кварацхелија се збогуваше со навивачите на Наполи

Следно

Студентката повредена на протестот во Белград во стабилна состојба, деканите го осудија нападот

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop