Кварацхелија се збогуваше со навивачите на Наполи

January 17, 2025
1 min read

Ѕвездата на Наполи, Хвича Кварацхелија објави порака на својот Инстаграм профил со која се збогува со навивачите на тимот.

Грузискиот репрезентативец се смета за сигурно ново засилување за францускиот шампион Пари Сен Жермен.

-Ова е тешка одлука за мене, но време е да се збогувам. Поминав неверојатно време овде, споделивме одлични спомени заедно и доживеавме неверојатни емоции. Неапол беше мојот дом и тука се чувствував фантастично благодарение на секој од вас, рече Кварацхелија во видеото.

Грузискиот крилен напаѓач потпиша со Наполи во 2022 година, а во својата прва целосна сезона со клубот успеа да им помогне да станат шампиони за прв пат по 33 години, постигнувајќи 12 гола и 13 асистенции на 34 натпревари.

Актуелниот договор на Кварацхелија со Наполи е до летото 2027 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во нападите по објавувањето на прекинот на огнот во Газа убиени над 100 Палестинци

Следно

Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе

Latest from Blog

Јамал брутално му одговори на Лемина, но ја исполни и желбата на неговите деца (Фото)

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип

Компанијата „Булмак 2016“, во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, го претставува проектот „Кошарка за секое дете“. Проектот им овозможува на момчиња и девојчиња од 8 до 14 години бесплатно

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што
Go toTop