Волстрит ослабна четврти ден по ред

February 23, 2023
1 min read

Сите најнови податоци покажуваат дека економијата е многу отпорна на агресивно зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, што значи дека инфлаторните притисоци би можеле да останат зголемени подолг период од очекувањата на пазарот

На Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа четврти ден по ред, бидејќи инвеститорите не се сигурни дали американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки поради зголемената инфлација. Dow Jones се лизна за 0,26 отсто, на 33 045 поени, додека S&P 500 загуби 0,16 отсто, на 3 991 поен. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,13 отсто, на 11 507 поени.

Инвеститорите се несигурни бидејќи се надеваат дека американската централна банка наскоро ќе го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки, дека основната каматна стапка ќе остане под нивото од 5 проценти и дека циклусот на намалување на каматните стапки би можел да започне на крајот на оваа година со ублажување на инфлаторните притисоци.

Паднаа и европските берзи

Сите најнови податоци покажуваат дека економијата е многу отпорна на агресивно зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, што значи дека инфлаторните притисоци би можеле да останат зголемени подолг период од очекувањата на пазарот. Поради ова, се проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште најмалку два или три пати, на 5,35 отсто до јули, а цената на парите би останала на овие нивоа до следната година.

Вчера објавените записници од последниот состанок на челниците на ФЕД не сменија ништо во овие оценки. Записникот покажа дека челниците на централната банка се залагаат за натамошно зголемување на каматите, но со побавно темпо од лани, што го потенцираа во јавните настапи во последните недели.

„Јасно е дека ФЕД е решен да го продолжи циклусот на зголемувања на каматните стапки дури и кога ризикот од рецесија се зајакнува. Тоа е она што го покажа рекордот на ФЕД и тоа го притисна пазарот“,

рече Ед Моја, аналитичар во OANDA.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,59 отсто, на 7 930 поени, а париски CAC за 0,13 отсто, на 7 299 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,01 отсто, на 15 399 поени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чави: Сакаме да покажеме дека Барселона може со секого

Следно

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,8 степени во Таџикистан

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop