Војници кои со месеци се на фронтот во Украина: Наша должност е да го заштитиме Бахмут

March 28, 2023
1 min read

БАХМУТ (АА) – ДАВИТ КАЧКАЧИШВИЛИ –

Украинските војници со месеци се на фронтот во Доњецк, каде што продолжуваат жестоките судири со руските сили, јавува Анадолу.

Еден од најинтензивните конфликти за време на едногодишната војна продолжува во регионот на Доњецк.

Екипата на Анадолу ги посети војниците на фронтот и сними еден од нивните денови.

Продолжуваат жестоките судири во областа Бахмут, Авдивка и Вухледар во Доњецк.

Генади, 25-годишен украински војник во регионот на Доњецк, кој со своите другари чека во оклопно возило пред да оди на фронтот во Бахмут, се обидел да се стопли со огнот што го запалил.

„На фронтот сум една година. Доброволно отидов во војска. Кога почна војната, пријателите ми понудија да одам на фронтот. Јас прифатив“, вели овој млад човек.

Генади, кој од безбедносни причини не сакаше да го открие своето презиме, рече дека тие биле таму за да го бранат Бахмут.

„Наша должност е да го заштитиме Бахмут, што е стратегиски важно“, изјави еден украински војник.

Војник со кодно име „Добриј“ е на должност шест месеци.

Овој 27-годишник е на позиции во правец на Соледар во областа Бахмут.

„Секој ден сме на фронтот. Секојдневно се бориме. Мора да ја заштитиме нашата земја“, вели овој млад човек.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи ѝ одговори на Захарова: Руската власт го загрозува светскиот мир, не можеме да бидеме неутрални

Следно

Трагедија: Воз прегази маж во Хиподром

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop