Војничка диета со која се губат ЧЕТИРИ килограми за ТРИ дена

July 1, 2024
1 min read

Војничката диета е популарна меѓу луѓето кои сакаат да изгубат повеќе килограми за краток временски период.

Станува збор за диета базирана на мали оброци кои се дизајнирани да согоруваат вишок маснотии, да ја забрзаат работата на метаболизмот и да ви помогнат да изгубите до четири килограми за само три дена. Името го добила затоа што е строг и дисциплиниран начин на исхрана, а содржи и храна која понекогаш може да се најде во борбените пакети со храна за војската, како крекери или конзервирана туна. Но, ниту една војска официјално не го поддржува овој начин на исхрана, а не се знае ни кој е неговиот автор.

Слабеењето е можно бидејќи секој ден се трошат и до 1000 калории, што е значително пониско од просекот што жената треба да го внесува дури и ако е на диета. Ниту еден нутриционист не поддржува самоиницијативни, брзи и рестриктивни диети кои се засноваат на екстремно низок калориски внес со цел да се постигне енергетски дефицит, без стручни насоки и увид во здравствената состојба на една личност.

Овој начин на исхрана не се препорачува за лица со лоша здравствена состојба бидејќи може да доведе до општа слабост, главоболка, пад на крвниот притисок, хипогликемија, реакцијата зависи од поединецот. Дефинитивно не би го препорачале на жени кои имаат проблеми со тироидната жлезда. Диетата се спроведува само три дена во неделата. После тоа, треба да направите четиридневна пауза во која се препорачува да внесувате приближно 1.500 калории дневно, за да можете да ја повторите воената диета доколку сакате да изгубите повеќе килограми.

Ваквиот начин на исхрана не се препорачува подолг временски период, а дизајниран е да ви помогне да ослабете во „итни“ случаи – кога треба намалите неколку килограми за кратко време.

Прв ден

Појадок

½ грејпфрут

1 парче интегрален леб

2 лажици путер од кикирики

1 шолја кафе или чај

Ручек

115 грама туна

1 парче интегрален леб

1 шолја кафе или чај

Вечера

85 грама варено месо по желба

150 грама варена боранија

½ банана

1 мало јаболко

1 топка сладолед од ванила

Втор ден

Појадок

1 јајце

1 парче интегрален леб

½ банана

Ручек

200 грама свежо сирење

1 тврдо варено јајце

5 мали крекери

Вечера:

2 виршли

175 грама варена брокула

25 грама моркови

½ банана

Трет ден

Појадок

5 крекери

1 парче тврдо сирење (на пр. гауда)

1 мало јаболко

Ручек

1 тврдо варено јајце

1 парче интегрален леб

Вечера

230 грама туна

½ банана

1 топка сладолед од ванила

Секој ден треба да пиете најмалку два литра обична вода, а кафето и чајот се дозволени само доколку се консумираат без шеќер, млеко или алтернативни засладувачи. Забрането е пиење алкохол за време на воената диета. Се препорачува пешачење најмалку 30 минути дневно.

Војничката диета е вид на брза диета која го шокира организмот. Со неа е можно за кратко време да се симнат килограми, но најверојатно ќе се вратат четвртиот, петтиот или осмиот ден. Доколку сакате трајно да ослабете, треба да почнете да усвојувате нови здрави навики, а најдобро би било да се консултирате со експерт за храна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Француските режисери Беноа Жако и Жак Доајон обвинети за силување

Следно

Што може да се очекува од унгарското претседателство со ЕУ?

Latest from Blog

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано

МОН: Научната соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а
Go toTop