Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек

December 18, 2023
1 min read

реклама


Водостоите на поголемиот дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што ги врши УХМР.

Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Треска, Пчиња, Струмица, Црна Река и Радика. Доста понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реката Црн Дрим.

реклама

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 9 степени целзиусови, на Дојранското 7,5 и на Преспанското 5,5 степени. Температурите на сите три езера се под просекот за овој период од годината. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следно

Изложба на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“ во Кинотека

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop