ВОДА! ТОА Е СТАРТЕШКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ИДНИНАТА. Македонија и Балканот се во ваква состојба

January 22, 2026
2 mins read

Меѓународните организации за заштита на природата Еуронатур и Ривервоч, кои со години ја следат состојбата на реките во Европа, објавија сеопфатно истражување што покажува дека Балканот за нешто повеќе од една деценија изгубил над 2.400 километри речни делови со речиси природен тек, меѓу кои и делови од сливот на реката Вардар.

Истражувањето е објавено во рамки на кампањата „Спаси го синото срце на Европа“ и претставува прва споредлива регионална проценка на хидроморфолошката состојба на балканските реки по 2012 година. Во извештајот за 2025 година се анализирани 83.824 километри реки во 11 земји од регионот, при што е утврдено дека уделот на речиси природни реки е намален од 30 проценти во 2012 година на само 23 проценти во 2025 година, што претставува загуба од околу 2.450 километри.

Според наодите, најзначајни промени се забележани во сливовите на реките Дрина, Неретва, Вардар, Девол и Дрим.

Од поголемите реки опфатени со анализата, само 23 проценти остануваат речиси природни, додека 43 проценти покажуваат мали модификации. Умерено до екстензивно изменетите реки сочинуваат 27 проценти од мрежата, а сериозно изменетите делови, најчесто поради зафаќања и инфраструктурни интервенции, изнесуваат седум проценти.

Авторот на студијата, д-р Улрих Шварц од „Флувиус Виена“, предупредува дека трендовите се јасни и загрижувачки.

„Долгорочните податоци покажуваат континуиран пад на речиси природните речни делови низ Балканот, предизвикан првенствено од зафаќања и големи инженерски интервенции. Иако регионот сè уште има релативно висок удел на недопрени реки во споредба со остатокот од Европа, сегашните практики се во растечка спротивност со еколошките стандарди потребни за пристапување кон Европската Унија и принципите на одржливо управување со водите“, вели Шварц.

Албанија со најбрзо влошување

Студијата посочува дека Албанија бележи најстрмно опаѓање на недопрени и малку изменети реки во регионот. Главни причини се развојот на хидроенергетиката, неконтролираната регулација на речните корита, црпењето вода и обемната трансформација на поплавните рамнини.

„Иако Албанија направи значаен исчекор со заштитата на Вјоса и дел од нејзините притоки, во последната деценија деградираше повеќе речни делови отколку која било друга балканска земја“, изјави Улрих Ајхелман, извршен директор на Ривервоч. Тој додава дека овие податоци треба да бидат аларм за албанските власти, особено во контекст на евроинтегративните аспирации на земјата.

Како позитивен пример се наведува прогласувањето на Националниот парк „Дива река Вјоса“, што се смета за најважното достигнување во зачувувањето на реките во регионот, како и запирањето на хидроенергетски проекти на околу 900 квадратни километри.

Повик за итна акција

Врз основа на наодите, Еуронатур и Ривервоч упатуваат повик за итна и координирана акција на национално и европско ниво. Меѓу препораките се: законска заштита на преостанатите недопрени реки, проширување и строго спроведување на заштитените подрачја, запирање на деструктивниот развој на хидроенергијата, воспоставување систематски и хармонизиран мониторинг како предуслов за членство во ЕУ, како и обновување на веќе оштетените речни екосистеми преку природно-базирани решенија.

Балканот сè уште ги содржи некои од последните диви реки во Европа, но прозорецот за нивна заштита брзо се затвора“, предупредува Анет Спангенберг, раководител на програмата за свежа вода во Еуронатур. Според неа, зачувувањето на овие реки бара политичка храброст, одлуки засновани на наука и јасно отстапување од деструктивните развојни практики.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем удар за Барса: Педри најмалку еден месец во аут!

Следно

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: ЕБОР како клучен партнер во инфраструктурните проекти

Силниот фокус и посветеност на Владата во реализацијата на капиталните инвестиции денес беа потврдени на средбата со Елена Гордеева, директор за инфраструктура во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), и претставникот

Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: хидрантот празен, помошната врата заклучена со катанец

Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава

Проданоски: Почна испораката на 9 нови комунални камиони за Прилеп

Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад, информираше градоначалникот Дејан Проданоски. Станува

Битола отвора можност за работа: 18 лица ќе бидат ангажирани шест месеци

Општина Битола го објави јавниот повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените

Нова фаза за гасниот интерконектор со Грција: Решени 96% од имотно-правните постапки

Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат
Go toTop