Во Владата утре разговори за јавнообвинителската и судската служба

October 26, 2023
1 min read

реклама


Во Владата утре треба да се одржат разговори меѓу владини претставници и репрезентативниот Синдикат на УПОЗ. На средбата ќе се разговара за проблемите во јавнообвинителската и во судската служба. 

Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. 

реклама

Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговарачка маса со Синдикатот.

– Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, изјави претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски минатиот четврток. 

реклама

Претходно, пред околу еден месец, Владата формираше работна група за решавање на барањата на судската администрација. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во израелските напади врз Газа се искачи на 7.028

Следно

Кина: Американската резолуција за Газа во ОН целосно ќе го уништеше дводржавното решение

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop