Во Велес пожарникари извлекувале жена од срушена куќа – во Гостивар пак возило кое излетало во река

October 6, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие немало регистрирано пожари на отворено на територијата на државата, но покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места, пожарникарите имале три технички интервенции за извлекување лица во животозагрозувачки ситуации и испумпување вода од поплавени простории.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес, дека вчера, од 09.30 до 10.15 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција за извлекување на жена во срушена куќа. Жената се стекнала со мали повреди и истата со возило на итна медицинска помош е пренесена во болница во Велес.

РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека вчера, во период од 12.08 до 12.30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, имале техничка интервенција за извлекување на лице од возило при сообраќајна незгода во близина на старечки дома „Зафир Сајто“. Инаку, лицето имало тешки телесни повреди.

РЦУК Тетово, известува дека околу 04.30 часот возило излетало возило во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четири пожарникари. Сите се извлечени само еден сопатник е телесно повреден што бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар.
Регионалниот ЦУК – Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба „Деребој“: кај подвозникот за село Фалише и испумпување вода во поплавената куќа во истата населба.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

[ФОТО ГАЛЕРИЈА] Скопје вчера беше театар, сцена за светлина, музика и танц

Следно

Детален преглед: Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија?

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop