Во украински напад со дрон врз рускиот град Воронеж повредени три лица

June 9, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Најмалку три лица се повредени во украински напад со дрон изведен денес врз станбена зграда во рускиот град Воронеж, соопшти гувернерот Александар Гусев, пренесува Анадолу.

„Според првичните информации, беспилотно летало извршило напад на станбена зграда на улицата Белински во Воронеж. … Три лица се погодени со шрапнели, но одбија да бидат хоспитализирани“, соопшти гувернерот Гусев преку Телеграм.

Руските медиуми јавија дека зградата била оштетена на вториот и третиот кат, што довело до делумно уништување на неколку стана.

На местото на настанот се наоѓаат специјални и спасувачки служби, истакна Гусев.

Вооружените сили на Украина, според Москва, во изминатите месеци имаат извршено серија напади врз пограничните региони на Русија, особено во Бријанск и Белгород, со дронови и артилерија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хафизе Гаје Еркан избрана за гувернер на Централната банка на Туркије

Следно

Украина тврди дека има докази оти Русија ја уништила браната „Нова Каховка“

Latest from Blog

Тоневски: Подготвуваме нови проекти за водоснабдување, патишта и канализација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период. Тоневски посочува дека

Проданоски: Вечно ќе ја чуваме храброста и жртвата на бранителите од Карпалак

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко

Дали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под голем притисок. Многу сојузи се изјаснија против него и се создава силна опозиција. Сепак, Швајцарецот добива и одредена поддршка, а најновата доаѓа од Фудбалската

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за
Go toTop