Во Туркије, од Либан, евакуирани уште 169 турски граѓани

October 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Чартер лет со 169 турски државјани евакуирани од Либан слета денес на Аеродромот Истанбул, јавува Анадолу.

Летот пристигна во Истанбул откако претходно слета на аеродромот Чукурова во Адана, јужна Туркије, каде што се симнаа 110 патници.

По пристигнувањето во Истанбул, преостанатите патници пред новинарите ја изразија нивната среќа и олеснување што се вратиле во Туркије.

По прегледите на пасошите и подигнувањето на багажот тие го напуштија аеродромот.

Туркије организираше евакуација на турските државјани со чартер лет кој тргна од Бејрут во 9 часот утрово, како дел од тековните активности за осигурување на безбедноста на своите граѓани поради континуирани израелски напади во Либан.

Бродовите на турската морнарица претходно евакуираа речиси 1.000 луѓе од Либан, меѓу кои 878 турски државјани и 24 на Турската Република Северен Кипар.

Од 23 септември, Израел врши смртоносни напади низ Либан против, како што вели, позиции на Хезболах, во коишто загинаа над 1.500 луѓе, а над 4.500 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Швјонтек има нов тренер

Следно

Голема полициска акција во Тетово и Охрид – Се вршат претреси

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop