Во торнадото во САД загинаа најмалку седум лица

January 13, 2023
1 min read

Десетици илјади лица останаа без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама

Photo: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија.

Невремето оштети домови и остави десетици илјади лица без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.

Моќното торнадо оштети меѓу 40 и 50 станбени згради. Особено тешко погоден е градот Селма.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо и за неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гага вода буџет рони

Следно

Аргентина: Рекордна инфлација од 94,8 отсто

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop