Во Тирана затворена приватна клиника „Интернешнл Медикер“

September 5, 2025
1 min read

 Албанските власти ја затворија приватната клиника „Интернешнл Медикер“, во Тирана, дел од групацијата „Санте плус“, поради што на пациентите им се продавале лекови со поминат рок, не била пријавена добивка од речиси милион евра, а утврдено е дека дел од работниците биле без социјално осигурување.

– За време на акцијата „Биланс“, службите на Секторот за истраги на економски и финансиски криминал го уапсија администраторот на болницата Е. З. (62) години, и распишаа потерница против коакционерите на субјектот, турскиот државјанин Б. К. (45) години и албанската државјанка Г.А.(32), се наведува во полициското соопштение.

Според албанските медиуми, уапсен е Едмонд Заја кој фигурирал како администратор, кој всушност бил готвач и возач во компанијата, а вистински сопственик бил турскиот државјанин Билал Кара, а коакционер е Герина Арапи.

Во текот на неколкумесечниот истражен период, во координација со Обвинителството во Тирана, како и од извршените контроли во клиниката, утврдено е дека преку издавање неоданочени фактури е извршена даночна евазија во вредност од над 1.000.000 евра. Исто така, болницата користела сомнителни шверцувани лекови, забранети за употреба од надлежните органи, а дел вработените биле без осигурување, соопшти полицијата.

При полициската акција запленети се 100 блокови со нефискализирани сметки, 27 различни препарати за ботокс, филери и материјали користени при трансплантација на коса, најголемиот дел со истечен рок, како и шест компјутери што ќе бидат испратени на вештачење. Меѓу пронајдените медикаменти бил и антибиотикот „Рифоцин“, со истечен рок во мај 2025 година, кој се користи за тешки бактериски инфекции, како и „Гадовист“, со истечен рок уште во 2023 година. И двата, според полицијата, се користеле за инјекции, естетски интервенции и анестезија.

Полицијата наведува дека истрагата продолжува за идентификување на сите вклучени лица, како и за утврдување на последиците кои можело да им бидат нанесени на клиентите, албански и граѓани од соседните земји, поради користење на истечени медикаменти.

Билал Кара е почесен конзул на Македонија во Измир (Турција). Тој беше назначен за почесен конзул пред 2 години, со потпис на тогашниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи. Истовремено е и претседател на Советот за бизнис Турција-Северна Македонија при Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) од 2018 година. Тој е и член на Стопанската комора Албанија-Турција, објави Шќиптарја.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна нова рунда преговори меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија

Следно

Божиновска: Македонија со јасна енергетска визија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop