Во терористичкиот напад во Нигер загинаа 17 војници

August 16, 2023
1 min read

ДАКАР (АА) – Седумнаесет војници загинаа во терористичкиот напад извршен на границата на Нигер со Мали, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Нигер, воениот конвој бил изложен на напад од страна на неидентификувани вооружени лица на подрачјата помеѓу Бони и Тороди кои се наоѓаат во Тилабери.

Во соопштението се наведува дека како резултат на нападот загинале 17 војници, додека 20 војници се повредени.

Тилабери се наоѓа на граничната зона помеѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо, која е позната како „границата на 3 земји“.

Оваа гранична линија често е изложена на напади од страна на терористички групи поврзани со Ал Каеда и ДЕАШ.

Околу 12.000 војници на Нигер учествуваат на антитерористичките операции, а речиси половина од нив се наоѓаат на границата со Мали и со Буркина Фасо, која е долга 1.400 километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Контраофанзива 2024

Следно

Чеферин: Спортското насилство е рак на фудбалот

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop