Во текот на август во Србија регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили

September 4, 2024
1 min read

Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Во текот на август на територијата на Нови Пазар се регистрирани 88 случаи на мали сипаници, три во Тутин и два во Белград, се прецизира во извештајот.

Од почетокот на годинава до 31 август, во Србија е потврдено дека заболеле од сипаници вкупно 348 лица.

Најголем број заболени од мали сипаници се регистрирани на територијата на округот Раш (207), во рамките на епидемијата во Нови Пазар, која беше забележана на 7 мај годинава и на територијата на градот Белград (99).

Најголем број случаи (47,1 отсто) се во возрасната група од една до четири години, каде најголем дел од болните деца (97 отсто) биле невакцинирани.

Компликација во форма на пневмонија била присутна кај 11 пациенти.

Два случаи на мали сипаници се потврдени кај деца од Република Српска кои се хоспитализирани во здравствените установи во Белград.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франсис Тиафо закажа полуфинале со Тејлор Фриц на УС Опен

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари, на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската
Go toTop