Во тек е аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје 26.6.2023

June 26, 2023
1 min read

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје.

Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата на активностите од областа на локалниот економски развој на подрачјето на Град Скопје за 2023 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 1.000.000,00 денари.

Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.

Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година; и Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија.

За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот https://skopje.gov.mk/media/9773/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii-2023.pdf , а информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој, на телефон (02) 3297-284 или на e-маил адресата [email protected] .

Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. “Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 01.12.2023 година.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот ,,Прв дојден прв услужен”.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК“ Е МОТОТО НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА, ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ОД 24 ДО 28 АВГУСТ

Следно

Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop