Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

April 27, 2025
1 min read

Денеска во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според првичните информации на обвинителството, возачот на мотоциклот немал ниту возачка дозвола ниту носел заштитна кацига. Тој не успеал да избегне судир со електричен тротинет управуван од 14-годишник. Сообраќајната несреќа резултирала со смрт на 16-годишникот на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување.

Јавниот обвинител издал наредби за утврдување на точните причини за несреќата, вклучувајќи преглед на снимки од видео надзор и обдукција на телото на починатиот. Дополнително, ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции кај малолетникот кој управувал со тротинетот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин

Следно

Дали ги проверувате цените онлајн? Граѓаните очекуваат тоа да го прават институциите

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop