Дали ги проверувате цените онлајн? Граѓаните очекуваат тоа да го прават институциите

April 27, 2025
1 min read

Пред десет дена, на 18 ти април стапи на сила обврската за супермаркетите, аптеките, продавниците за технологија и мебел да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници.

Цените треба да бидат достапни без потреба од дополнителна регистрација или најавување, за граѓаните да имаат бесплатен пристап, но колкумина всушност одат онлајн за да ги проверат?

Утре, Пазарниот инспекторат ќе треба да излезе со првите податоци за тоа колку мали, средни и големи трговци кои вршат малопродажна дејност ја почитувале одлуката за објавување на цените преку интернет, поточно тековната продажна цена, единечната цена, промотивната или намалената цена. Најавено е дека непочитувањето на одлуката може да ги чини трговците и до 10.000 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Следно

Израел уби 52.243 Палестинци во нападите врз Појасот Газа од октомври 2023

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop