Во Судан продолжени судирите и покрај преговорите за прекин на огнот

May 18, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Жестоки судири повторно избија денес меѓу суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и покрај нивните преговори во Саудиска Арабија за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Според очевидци, вооружените судири се случиле во областа Ал Шакилаб, јужно од Картум, и во населбата Карари во градот Омдурман.

Припадниците на двата воени ривали се судрија и западно од мостот Халфаја, што ги поврзува Омдурман и градот Бахри, северно од Картум.

Сè уште нема информации за жртви.

Судирите се случија во време кога траат преговорите меѓу претставниците на Армијата и РСФ во саудискиот град Џеда за постигнување прекин на огнот и решавање на нивниот спор.

Повеќе од 832 цивили загинаа, а илјадници се повредени од почетокот на судирите на 15 април, соопштија локалните медицински претставници.

Несогласувањата меѓу двете страни се разгореа во последните месеци околу интеграцијата на РСФ во вооружените сили на Судан, клучен услов од договорот за транзиција во Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го оквалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алтун: Неприфатлив е молкот за приведувањето на турските новинари во Германија

Следно

Припадниците на грчкото малцинство бараат ослободување на градоначалникот на Химара, Белери

Latest from Blog

Шефот на турската дипломатија Фидан во Париз се сретна со францускиот колега Баро

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, во Париз, главниот град на Франција, се сретна со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, известува Анадолу. Според информациите добиени

СДСМ: Мицкоски го допре дното, по промоцијата на Магна, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

Од СДСМ продолжуваат со обвинувањата дека премиерот Христијан Мицкоски редовно пушта проекти на СДСМ. Оттаму велат дека Мицкоски не може да се помири со туѓите успеси, па затоа по втор пат неделава

Адамчевски во 24 анализа: Царините кои ќе ги воведе Трамп може да му се вратат како бумеранг

Новинарот Мирче Адамчевски во 24 анализа рече дека, царините кои ќе ги воведе Трамп може да се вратат како бумеранг врз американската економија. Според него, царините ќе донесат преговори кои ќе утврдат
afsqamarhyazeubebnbsbgcacebnyzh-CNzh-TWcohrcsdanleneoettlfifrfyglkadeelguhthahawiwhihmnhuisigidgaitjajwknkkkmkokukylolalvltlbmkmgmsmlmtmimrmnmynenopsfaplptparorusmgdsrstsnsdsiskslsoessuswsvtgtatethtrukuruzvicyxhyiyozu
Go toTop