Во стан во центарот на Белград пронајдени делови од телото на исчезната тиктокерка

July 6, 2023
1 min read

Ноа се сметаше за исчезната од 17 јуни, кога последен пат се слушнала со родителите и им кажала дека ќе оди во Белград со своето момче. Тој тврдел дека таа никогаш не дошла кај него

Осумнаесетгодината Ноа Миливојев, исчезната белградска тиктокерка, е пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.

Според Телеграф.рс, убиецот и признал се на полицијата. Се работи за 33-годишниот Д.О. кој бил уапсен.

Сомнежите се дека Д.О ја убил, а потоа ја распарчил жртвата, чиишто делови од телото полицијата ги пронашла при претресот на станот.

Поради сомнение дека на свиреп и подмолен начин сторил кривично дело тешко убиство, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Нова.рс пишува дека делови од нејзиното распарчено тело биле пронајдени во канти и вреќи во станот.

Ноа се сметаше за исчезната од 17 јуни, кога последен пат се слушнала со родителите и им кажала дека ќе оди во Белград со своето момче. Тој тврдел дека таа никогаш не дошла кај него.

Ноа имаше 14 000 следбеници на Тик-ток, а своето последно видео го објави непосредно пред да исчезне, пишуваат српските медиуми.

„Телеграф“ пишува дека Ноа била трансродова жена и дека била родена како Ѓорѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белград обвинува дека косовска полиција влегла на територијата на Србија

Следно

„Оушнгејт“ прекинува со работа по трагедијата со подморницата „Титан“

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop