„Оушнгејт“ прекинува со работа по трагедијата со подморницата „Титан“

July 6, 2023
1 min read

Меѓу загинатите кои се наоѓаа на малата подморница „Титан“ која имплодираше беше Стоктон Раш, извршен директор на „Оушнгејт“

Компанијата „Оушнгејт“, сопственик и ракувач со малата подморница што заврши фатално со имплозија при што загинаа пет лица, прекинува со сите истражувања и комерцијални операции.

Компанијата ова го објави на својата веб страница без дополнителни детали.

Меѓу загинатите кои се наоѓаа на малата подморница „Титан“ која имплодираше беше Стоктон Раш, извршен директор на „Оушнгејт“. Пловилото во јуни носеше на екскурзија до бродоломните останки на „Титаник“ уште еден истражувач и тројца туристи.

Се води истрага составена од крајбрежните стражи на САД и Канада заедно со власти од Франција и Велика Британија кои сè уште вршат истрага за тоа што ја предизвикало смртоносната имплозија на пловилото при што моментно загинаа петте патници.

Познато е дека катастрофата не можело да се избегне поради премногу лабавите процедури за безбедност при конструкцијата на „Титан“, при што генерално се обвинува загинатиот Раш кој одбивал да изврши техничка експертиза на материјалите употребени во изградбата на пловилото од трети страни, односно од етаблирани институции кои се занимаваат со безбедност на подморниците.

„Оушнгејт“ е приватна компанија. На нејзината веб страница стои дека тие се залагаат за „иновативна употреба на материјали и напредна технологија“ во развојот на длабоководните мали подморници.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во стан во центарот на Белград пронајдени делови од телото на исчезната тиктокерка

Следно

Професор Калајџиев за случајот на Јанакиески: Нема пречка притворите на осудениот да му се засметаат во правосилна казна

Latest from Blog

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското

Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација,
Go toTop