Во Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград

June 2, 2024
2 mins read

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот, јави дописникот на МИА од Белград.

Овие избори се значајни бидејќи резултатите ќе ја одредат идната политичка насока на главниот град на Србија, кој е клучен политички и економски центар на земјата.

Изборите се важни и поради бројните нерегуларности при претходните избори во декември 2023 година и неуспехот на партите согласно изборните резултати да формираат власт и да изберат нов градоначлник на Белград. По обвинувањата за купување гласови (босански автобуси) и злоупотреба на јавни ресурси и протестите, опозицијата бараше промени во законот за локални избори за да се обезбеди праведност и транспарентност на изборниот процес. По разговорите со власта, согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, и по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изборите за Белград се повторуваат и се одржуваат на ист датум со локалните избори на 2 јуни. Уследија и измени на избирачките списоци, и согласно измените на Законот за единствениот избирачки список, усвоени во Собранието на Србија, гласачите кои го промениле местото на живеење по 3 јули 2023 година нема да можат да гласаат на својата нова адреса на локалните и белградски избори.

Во екот на овие преговори меѓу власта и опозицицијата, дојде до разидување во редовите на опозицската коалиција „Србија против наслиството“ (СПН), по што изборите за град Белград ќе ги бојкотираат Партијата за слобода и правда (ССП), Нов ДСС (НАДА), Срце и Заедно, додека на локално ниво тие ќе настапат согласно одлуките за коалицирање на локалните одбори на овие партии со останатите од СПН, што ќе влијае на гласачите да потешко донесат одлука кого ќе поддржат на изборите.

Граѓаните на Белград или 1.602.112 запишани гласачи ќе избираат 110 советници на градското собрание, а ќе бираат и советници во сите 17 белградски општини.

Владеачките партии СНС и СПС на Ивица Дачиќ ќе настапат со една изборна листа во Белград, како и во повеќето други градови, во коалицијата „Александар Вучиќ – Белград утре“ која ја сочунуваат вкупно 13 политички партии.

Опозициските партии од поранешната коалиција „Србија против насилството“ кои нема да ги бојкотират изборите-Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Еколошкото востание и Новото лице на Србија одат во коалиција со изборната листа „Го избираме Белград–Добрица Веселиновиќ–Милош Павловиќ“.

Останатите изборни листи што ќе учествуваат на изборите во Белград се: „Руска партија- Срби и Руси браќа засекогаш“, „Чале, ова е за тебе “, „За зелен Белград–Кога ако не сега–д-р Дејан Жујовиќ“, „1 од 5 милиони–Белградски фронт-Ритам на градот–Душан Теодосијевиќ градоначалник“, „Ние силата на народот проф. д-р Бранимир Несторовиќ“, „Народна листа-клуч за победа“, „Белград – нашиот град“, „Сојуз на Ромите на Србија – за Белград“, „Белград е свет- Партија на правдата и помирувањето – Усама Зукорлиќ, „Д-р

Саво Манојловиќ – Јас сум Белград – Крени-Промени“, „Саша Радуловиќ – Доста беше (ДЈБ) – Решение за промени“, „Ние – глас од народот“.

Покрај изборите за градското собрание на Белград избори се одржуваат и во градовите: Нови Сад, Ниш, Суботица, Зрењанин, Кикинда, Вршац, Панчево, Сомбор, Сремска Митровица, Ваљево, Пожаревац, Јагодина, Ужице и Чачак.

За власт во Нови Сад се борат 14 изборни листи, во Ниш на изборите се пријавиле 11 партии или коалиции, шест во Ваљево и седум во Чачак.

Избори се одржуваат во уште 51 општина во Србија: Ада, Алексинац, Алибунар, Апатин, Ариље, Бач, Бачка Паланка, Бачка Топола, Бачки Петровац, Бечеј, Бела Црква, Беочин, Бољевац, Босилеград, Бујановац, Чајетина, Чока, Горни Милановац, Инѓија, Ириг, Ивањица, Кањижа, Ковачица, Ковин, Мали Иѓош, Нова Црња, Нова Варош, Нови Бечеј, Нови Кнежевац, Оџаци, Опово, Пеќинци, Пландиште, Рашка, Рума, Сента, Шид, Сјеница, Србобран, Сремски Карловци, Стара Пазова, Сурдулица, Свилајнац, Шврљиг, Темерин, Тител, Тутин, Врбас, Врњачка бања, Жабаљ и Житиште.

Изборната комисија во рок од седум дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од локалните избори доделува мандати на кандидатите за одборници по нивниот редослед на изборната листа.

Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР ќе има вкупно 126 набљудувачи низ цела Србија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Избори во Белград по втор пат, но зошто се важни?

Следно

Се урна трикатна зграда во Кучукчекмеџе, Истанбул, едно лице загина, 7 повредени

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop