Во сообраќајка со мотор загина познатиот актер Трит Вилијамс

June 13, 2023
1 min read

Меѓу најпознатите улоги што тој ги имаше се главните ликови во ТВ-серијата „Еврвуд“ и филмскиот мјузикл „Коса“

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Трит Вилијам загина на 71-годишна возраст во сообраќајна несреќа со мотор во американската сојузна држава Вермонт.

Како што соопшти вермонтската полиција, околу 17 часот вчера по локално време, тој се судрил со теренско возило кои во тој момент свртело кон паркинг. Вилијамс не успеал да го избегне судирот и паднал од моторот. Се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен со авион во медицинскиот центар во Њујорк каде била констатирана смртта.

Актерот не носел кацига.

Возачот на теренското возило се здобил со полесни повреди и немало потреба да биде хоспитализиран. Според првичните информации, тој ги почитувал правилата и го вкклучил трепкачот дека ќе свртува кон паркингот. Не е приведен, но истрагата за несреќата продолжува.

Актерската кариера на Трит Вилијамс траеше околу 50-години. Ја започна во 1975 кога ја играше улогата на полицаец во филмот „Deadly Hero“, а потоа се појави во повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги. Меѓу нив и во филмовите „The Eagle has Landed“, „Prince of the City“ i „Once Upon a Time in America“. Меѓу најпознатите улоги што тој ги имаше се главните улоги во ТВ-серијата „Еврвуд“ и филмскиот мјузикл „Коса“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН загрижени дека Русија нема да го продолжи Договорот за жито со Украина по 17 јули

Следно

ЗАГИНА АКТЕРОТ ТРИТ ВИЛИЈАМС, ЅВЕЗДАТА НА МЈУЗИКЛОТ „КОСА“

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop