Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник

January 6, 2025
1 min read

Верскиот празник „Бадник“, ден пред Христовото раѓање, Божиќ, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп.

Пред присутните се обратија минатогодишниот бадникарски кум Божидар Јанковски, новиот кум Радомир Макеларски и здравичарот меѓу бадникарите, Атанас Петров, како и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

„Живееме во времиња на бурна демократија. Да се потрудиме на новите генерации да им овозможиме подобра иднина. А вие, избраните претставници од народот, во општините и Градот, потрудете се да го направиме ова наше Скопје уште поубаво и посреќно место на живеење“, порача Петров.

Градоначалникот Герасимовски рече дека празниците зближуваат и посака убави празнични денови со спокој, љубов и благосостојба.

„Да се обединиме, да правиме добри дела и да сме солидарни со оние, на кои сме им потребни. Да ја чуваме традицијата што обединува и да ја пренесуваме на идните генерации“, истакна Герасимовски.

Во своето обраќање, Макеларски рече дека бадникарскиот ќуп е голем трофеј за него и неговото семејство, ќупот не се купува, но, не се ни продава.

„Од ова место, сакам на сите, без разлика на вера и националност, да им порачам, да се сплотиме сите заедно, да живееме во слога и мир“ , нагласи новиот бадникарски кум.

Кумот традиционално доаѓа и си оди со зурли и тапани, со пајтон, со што, како што беше кажано, се почитува пајтонот како заштитен знак на старо Скопје. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расчистен сообраќајниот метеж во Маврово: Полицијата со апел до возачите за да не се повтори вчерашниот хаос

Следно

Зголемен бран на пациенти со сезонски симптоми: Лекарите препорачуваат постојани контроли

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop