Во силна експлозија во Париз повредени најмалку 37 лица

June 22, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Најмалку 37 лица се повредени од силна експлозија во центарот на Париз вчера поради протекување на гас, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Дарманин, јавува Анадолу.

Во своето обраќање пред медиумите на местото на експлозијата, Дарманин рече дека четири лица се во критична состојба и додаде дека се верува оти две лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините.

Заменик-началникот на Петтиот округ на Париз, Едуард Сивел, на социјалната мрежа Твитер објави дека експлозијата се случила во квартот Вал де Грас и дека е можно да е предизвикана од протекување на гас и додаде дека целосно е исклучено снабдувањето со гас во квартот каде што се случи несреќата.

Тој потврди дека експлозијата предизвикала пожар во повеќе објекти и го повика локалното население да го напушти тоа подрачје за да можат противпожарните, амбулантните и другите надлежни служби да дејствуваат поефикасно.

Локалните медиуми информираа дека од експлозијата се повредени најмалку 37 луѓе, а се урнала и една зграда.

Канцеларијата на државното обвинителство соопшти дека е поведена истрага за откривање на причината за експлозијата.

Шефот на полицијата на Париз, Лоран Нуњез, соопшти дека експлозијата се случила во зграда во која се наоѓало и училиште за мода.

Нуњез информираше дека пожарот е ставен под контрола, но дека продолжува акцијата за пребарување и спасување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот дрон „Анка“ ја презема должноста уште во четири земји

Следно

Флорентино Перез го избра наследникот на Анчелоти

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop