Во септември ќе продолжи судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директори во училиштето во Велешта

July 9, 2025
1 min read

Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за несовесно работење во службата во училиштето во Велешта и против Егзона Шеи, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор, според обвинението, се товари за фалсификување исправа.

Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јодан Јованов е поради боледување на одбраната на Мерко.

Главната расправа за овој судски процес почна во јули минатата година, но се одолговлекува.

– Најпрво беше примено барање за одлагање од сведокот, единствениот кој остана да го сослушаме со образложение дека од здравствени причини морал да се јави на преглед во струшка Болница. Веднаш штом го примив барањето за одлагање изреагирав побарав да стапам во контакт со сведокот, му кажав за можноста за поместување на терминот со приоритет да заврши и да биде слободен за судењето. Откако се среди тоа примив ново барање за одлагање, овој пат од бранителот на обвинетиот, во кое известува дека отворил седумдневно боледување, информира Јованов.

Боледувањето, нагласи, трае до 15 јули, кога почнува судската ферија, поради што рочиштето е закажано за 16 септември.

– Доколку сите почнат да бараат одлагање од разни причини, никогаш нема да успееме да го завршиме предметот, а мора да се координираме и сакам да имам соработка од сите, како што јас сум покажал разбирање на сите да им излезам во пресрет. Најдобро е за сите доброволно да се исполнуваат дејствијата, ако оценам дека нешто води кон злоупотреба, иако е многу тенка линија на разграничување, тогаш ќе применам и други методи, но не е тоа целта на постапката, истакна Јованов.

Според адвокатот Димитрија Цобоски, обвинетата Шеи, која за судењето дошла од странство, има интерес што побзо да се заврши предметот, бидејќи, како што рече, сметаат дека обвинението против неа не е издржано и не е поткрепено со соодветни докази.

За судскиот процес за незаконското поставување директори во училиштето во Велешта и фалсификување документ останува сослушувањето на уште еден сведок, а потоа и на обвинетите по што треба да следува пресуда.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туристите уживаат во глетката на изгрејсонцето во Кападокија

Следно

Спиропали: Усвоената резолуција од ЕП за Албанија вреднување на напредокот на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.
Go toTop