Во Прилеп наредби за претреси и предистражна постапка за злоупотреби на службена положба за финансиското работење на болницата

April 15, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата, соопштуваат од Јавното обвинителство на Македонија.

Според информацијата, обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.

Инаку, пред околу два месеца финансиска полиција почна да го проверува финансиското работење во Болницата. Инаку, новото раководство на општата болница со проширена надлежност во Прилеп, на прес конференција во октомври минатата година рече дека болницата имала наследени долгови од 193 милиона денари и блокирана сметка. Актуелниот директор Кире Јоноски тогаш рече и дека полицијата работи на проверка на сета документација.

 
 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салах одбил понуда од Саудиска Арабија тешка пола милијарда фунти

Следно

Седница на српскиот Парламент за избор на нова влада

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано
Go toTop